Свет Кабул: Шест загинати и 10 повредени во самоубиствен бомбашки напад

Кабул: Шест загинати и 10 повредени во самоубиствен бомбашки напад

Најмалку шест авганистански војници загинаа, а 10 се повредени при самоубиствен бомбашки напад во Кабул.

Како што соопшти началникот на полициската служба во Кабул, во нападот кој е извршен врз автобусот на војниците, има повредени и цивили.
Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците, кои тврдат дека убиени се 12, а повредени 13 лица.