Свет Јужна Кореја стрелала кон дрон на границата

Јужна Кореја стрелала кон дрон на границата

Војската на Јужна Кореја денеска истрела предупредувачки истрели во правец кон севернокорејското беспилотно летало во близина на границата меѓу двете земји, пренесуваат локалните медиуми.

Агенцијата „Јонхап“ пренесува дека дронот потоа се свртел и се вратил на север.

Инцидентот се случил на јужнокорејскиот набљудувачки пункт Дорасан, на западниот дел на корејската демилитаризирана зона, пренесува „Спутник“.

Јужна и Северна Кореја технички сè уште се во војна, затоа што никогаш не потпишаа мировен договор по Корејската војна, водена од 1950 до 1953 година.

Односите меѓу двете земји дополнително се влошени откако Пјонгјанг објави дека тестирал хидрогенска бомба. Сеул по тоа почна да врши пропагандни емитувања од големи звучници на границата со Северна Кореја.