Свет Јужна Кореја: Нема да прекинеме со емитувањето пропагандни пораки

Јужна Кореја: Нема да прекинеме со емитувањето пропагандни пораки

Парк Гуен Хје, претседателката на Јужна Кореjа изјави дека Сеул нема да го прекине емитувањето на пропагандните пораки на границата на Јужна и Северна Кореја, ако Северна Кореја не се извини за провокациите кон Сеул.

–Северна Кореја треба да упати јасно извинување и да гарантира дека нема да има натамошни провокации-рече Гуен Хје, префрлувајќи ја вината на Пјонгјанг за предизвикување на моменталната воена криза.