Свет Јужна Кореја: Двајца загинати и 65 повредени во верижен судир

Јужна Кореја: Двајца загинати и 65 повредени во верижен судир

Две лица загинаа, а најмалку 65 се повредени во верижен судир во Јужна Кореја, во кој учествуваа стотина автомобили.

Судирот, кој најверојатно се случил поради магла и замрзнатата улица, се случил во Сеул, на мост во близина на аеродромот „Инчеон“.

Седуммина се потешко повредени, но бројот на загинатите би можел да се зголеми ако се има предвид дека спасувачките екипи сè уште не стигнале до сите автомобили што учествувале во верижниот судир.