Свет Европа Јункер во посета на Русија следниот месец

Јункер во посета на Русија следниот месец

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер следниот месец ќе ја посети Русија каде ќе учествува на економската конференција во Санкт Петерсбург, јавуваат светските агенции.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјавил дека за време на посетата предвидено е Јункер да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Станува збор за прва посета на највисоко ниво на претставник на Европската Унија на Русија, по анексијата на украинскиот полустров Крим од страна на Москва пред две години.

По анексијата, ЕУ како и САД ги замрзнаа односите и воведоа санкции кон Русија. На ова Кремљ одговори со забрана за увоз на прехранбени производи од земјите на ЕУ.