Свет Европа Јилдирим – Медведев: Турција и Русија имаат важна улога во борбата против...

Јилдирим – Медведев: Турција и Русија имаат важна улога во борбата против тероризмот

Русија и Турција имаат важна улога во борбата против тероризмот, оценија денеска турскиот и рускиот премиер, Бинали Јилдирим и Дмитриј Медведев, на средбата во Москва.

– Турција и Русија имаат големо значење не само во смисла на односите помеѓу двете земји, туку и во борбата против тероризмот и во гарантирањето на мирот – изјави Јилдирим при посетата на Русија.

Медведев истакна дека овие две земји имале голема трговска размена, но дека тие врски ослабеле.

– Постои можност да ги зголемиме и да ги реализираме заедничките проекти и да се поттикнат економските и инвестициските врски – изјави рускиот премиер.