Главна секција Јанакиески и Темелко си заминаа од судот – одлуката ќе биде позната...

Јанакиески и Темелко си заминаа од судот – одлуката ќе биде позната денеска

Околу три часот по полноќ, во Основниот суд Скопје 1 заврши распитот на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко. Засега не се знае дали ќе им биде одредена мерка притвор.

Јанакиевски и Темелко го напуштија судот без да дадат изјава за новинарите и заминаа со цивилно возила. Адвокатот на одбраната на поранешниот министер и на градоначалникот, Никола Додевски, при напуштањето на судот изјави дека во текот на денешниот ден ќе има информации за тоа какви мерки ќе преземе судот.

Распитот на Јанакиески и на Темелко следуваше откако Специјалното обвинителство вчера ја соопшти својата прва акција, насловена „Титаник“, и побара притвор за осум лица осомничени за изборна измама. Меѓу осомничените се поранешната министерка Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски, но нивните имиња не беа експлицитно наведени.