Израелски полицаец истрелал гумен куршум в лице на петгодишно палестинско момче, кое со училишниот автобус се враќало дома, објавија палестинските медиуми, јавувајќи дека од куршумот момчето добило фрактура под окото.
– Израелски војник од кратко растојание стрелаше во детето, повредувајќи го во пределот под окото – соопшти чичкото на Мохамед.
Момчето веднаш е хоспитализирано и оперирано.
Ова е втор случај полицијата со гумен куршум да застрела дете во горен дел од телото, што е забрането со полициските правила.