Свет Израелската војска уби тројца палестински напаѓачи

Израелската војска уби тројца палестински напаѓачи

Израелските војници денеска убиле тројца палестински напаѓачи, кои претходно раните четири војници во два напад во рок од 30 минути, на двата краја на еврејската населба Кирјат Арба, на Западниот брег, јавуваат израелските медиуми.

Војската соопшти дека двајцата Палестинци отвориле оган на пешаци на автобуска станица на крајот на населбата и полесно раниле еден војник. Подоцна напаѓачите се убиени.

Нешто подоцна еден Палестинец со автомобил налетал на воено возило, во одговор на претходен напад, ранувајќи тројца војници. Напаѓачот подоцна е убиен.