Свет Израелската војска го блокира влезот на Рамала

Израелската војска го блокира влезот на Рамала

Израелските сили за безбедност денеска го блокираа влезот во Рамала за лица што не живеат во овој град на Западниот Брег, каде се наоѓа седиштето на палестинските власти, соопштија властите во Ерусалим.

Голем број лица што живеат во Рамала, меѓу кои Палестинци, странски дипломати и претставници на меѓународни хуманитарни организации, секој ден патуваат во овој град на работа.

Израелската војска додаде дека мерката е донесена по синоќешниот напад во Беит Ел, во кој беа ранети тројца израелски војници, а напаѓачот, Палестинец, е убиен во полициска акција.

Во бранот насилства што почна во септември минатата година во Ерусалим, на Западниот Брег и во појасот Газа се убиени најмалку 160 Палестинци и 25 Израелци.