Свет Израел: Сите патници во автобус загинале при судир со камион

Израел: Сите патници во автобус загинале при судир со камион

Најмалку осум лица загинаа, а 50 се повредени на југот на Израел при судир на полн автобус, камион и на трактор, пишува весникот „Хаарец“.

Израелските медиуми јавуваат дека загинале најмалку десет лица.

Несреќата се случила кога камионот, кој превезувал трактор, се судрил со автобусот, а патничкото транспортно возило се превртело, при што е уништена целата лева страна.

– Врз основа на тоа што го знаеме, во автобусот нема преживеани. Не сме во тоа целосно сигурни, но досегашните извештаи укажуваат на тоа – соопшти претставник на „Црвената Давидова ѕвезда“.