Македонија Измените на Кривичниот законик изгласани на собраниска комисија

Измените на Кривичниот законик изгласани на собраниска комисија

Собраниската Комисија за политички систем ги усвои измените на Кривичниот законик предложени од група пратеници од владејачкото мнозинство, а кои се однесуваат на членот 275-в за висината на казната.

Со измените на Кривичниот законик во член 275 в се намалува затворската казна за дела поврзани со злоупотреба на јавните набавки, а според некои толкувања со овие измени обвинетите можат да добијат и условна казна.

Се очекува со нив да бидат опфатени делата во кои е обвинетата Елизабета Канческа Милевска како и синот на пратеничката Владанка Авровиќ, Василије Авировиќ.