Галерија Изложба на најдобри фотографии на конкурсот на Град Скопје

Изложба на најдобри фотографии на конкурсот на Град Скопје

Изложба на фотографии од конкурсот за избор на најдобра фотографија, со мотиви од Скопје

Вчеравечер во изложбениот салон на Културно-информативниот центар – Скопје, беше отворена изложба на фотографии од конкурсот за избор на најдобра фотографија, со мотиви од Скопје, како за наградените, така и за фотографиите, кои влегле во потесниот круг на избор од конкурсите во 2013 и во 2014 година

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во рамки на отворањето на изложбата на авторите на најдобрите фотографии, им ги врачи наградите, а на сите учесници на конкурсот им додели признанија.

Првата награда за 2013 година му припадна на Зоран Ефремоф, втората награда ја понесе Дарко Цветановски, а третата награда за минатата година му беше доделена на Влахо Бранѓолица. За тековната 2014 година, добитник на првата и на третата награда е Зоран Ефремов, а втората награда му припадна на Ламбро Патче.