Економија Изградени 700 станови за социјално ранливи групи

Изградени 700 станови за социјално ранливи групи

Техничкиот премиер Емил Димитриев денеска оствари работна средба со директорот на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, при што разговарале за динамиката на изградба на станови, катни гаражи и на други објекти.

– Во делот на градба на станови за социјално ранливи групи, досега се изградни околу 700 станови и во моментов се градат околу 123 станови во Кочани, Македонски Брод и во Гостивар. Во наредниот период многу сме блиску до почеток на градба на нови 500 станови за оваа категорија граѓани во Скопје, Виница, Свети Николе, Пехчево и во Пробиштип – појасни Димитриев.

Становите наменети за млади брачни парови, исто така, се граделе со предвидената динамика. Досега такви станови се изградени во Скопје и во Битола, а планирано е да се почне со градба и во други градови.