Економија Изградбата на експресниот пат Кочани – Штип ќе почне во јуни

Изградбата на експресниот пат Кочани – Штип ќе почне во јуни

Изградбата на новиот експресен пат Кочани – Штип ќе почне во јуни. Должината на патот ќе изнесува 26 километри, а вредноста на проектот е 53,4 милиони евра.

Ова денеска го најави техничкиот премиер Емил Димитриев, кој беше во работна посета на Кочанско.

Освен експресниот пат до Штип, од Кочани до Македонска Каменица и до Делчево ќе се изврши рехабилитацијата на патната делница во должина од 30 километри.