Хроника Избоденото момче од Виница префрлено во Ургентниот центар во Скопје

Избоденото момче од Виница префрлено во Ургентниот центар во Скопје

Медицински центар во Виница утрово околу 4.20 часот пријавило во полиција дека кај нив за укажување на лекарска помош бил донесен М.А. (24) од Виница, кој со остар предмет бил прободен во пределот на стомакот.

Со возило на итна медицинска помош повредениот бил пренесен во Медицинскиот центар -Кочани, од каде по укажаната лекарска помош е префрлен во Клиничкиот Центар -Штип, но поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентниот Центар во Скопје.

Засега не се открива како М.А. се зодбил со прободната рана.