Свет Свет Избегнат судир на авиони на аеродромот во Сеул

Избегнат судир на авиони на аеродромот во Сеул

Авион на компанијата „Сингапур ерлајнс“ се подготвувал за полетување, односно забрзувал на пистата кога на неа за полетување се вклучил и „ербас“ на компанијата „Кореан ер“, при што за малку бил избегнат судир меѓу двете летала.

Инцидентот се случил на аеродромот „Инчелон“ во Сеул, а авионот кој се обидел да полета нагло запрел и за влакно избегнал трагедија. Притоа, биле оштетени пневматиците и тркалата на леталото.
За среќа, нема повредени во инцидентот.