Хроника Избеган затвореник стрелал во полициски специјалци

Избеган затвореник стрелал во полициски специјалци

Триесет и четиригодишниот Р.Ј., кој се барал со потерница поради бегство од затвор, вчераутро во Тетово стрелал во припадници на специјалната полициска единица, кои дошле да го уапсат.

Во инцидентот нема настрадани, а по пукањето Р.Ј. успеал да побегне и полицијата презема мерки за негово пронаоѓање.

Тој побегнал од штипскиот затвор каде што издржувал казна за убиство.

Како што информираат од МВР, инцидентот се случил околу 3 часот, на улицата Благоја Тоска во Тетово, кога Р.Ј. истрелал два куршуми од огнено оружје кон припадниците на Единицата за специјални задачи.

Во полицискиот увид на местото, било утврдено оштетување на зграда и скршени прозорски стакла и пронајдени се две чаури калибар 7,62 милиметри, кои се дадени на вештачење.