Главна секција Иванов во 16 часот ќе им се обрати на граѓаните

Иванов во 16 часот ќе им се обрати на граѓаните

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во 16 часот ќе им се обрати на граѓаните на Република Македонија.

Вчера претседателот имаше интервју со уредниците на националните телевизии, а во вторникот, при првото обраќање до нацијата, ја соопшти одлуката за општа аболиција на политичари за кои се води предистражна и истражна постапка.

По објавувањето на одлуката за аболиција Иванов се најде под жестоки критики на политичките партии, меѓународната заедница, експертите и невладините организации.

Изминатите три дена, поради одлуката, во главниот град се одржуваат протести во кои беа повредени и демонстранти и полицајци, а беше демолирирана и народната канцеларија на претседателот и дел од прозорците и фасадата на Министерството за правда.