Главна секција Иванов е уште претседател – на официјалната веб-страница

Иванов е уште претседател – на официјалната веб-страница

Довчерашниот претседател на државата, Ѓорге Иванов иако вчера му ја предаде  функцијата на Стево Пендаровски, кој победи на последните претседателски избори, и од денеска е „во пензија“, уште фигурира како претседател на Македонија, на официјалната веб-страница на шефот на државата – http://pretsedatel.mk/.

Иако кабинетот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, од вчера почна да испраќа соопштенија до медиумите за вчерашните и денешните активности на Пендаровски, веројатно ја заборавиле да ја обноват/апдејтираат официјалната веб-страница.