Главна секција Иванов денеска на средба со италијанскиот претседател

Иванов денеска на средба со италијанскиот претседател

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Италија ќе се сретне со италијанскиот претседател, Серџо Матарела.

Во текот на вчерашниот ден, Иванов присуствуваше на церемонијата на поставување плоча во чест на свети Кирил и Методиј во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим, каде имаше пригодно обраќање.

Во рамки на официјалната посета на Ватикан, претседателот Иванов имаше аудиенција кај папата Франциск, како и средба со државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин.