Дописници Итно се евакуираат жителите од Лакавичко

Итно се евакуираат жителите од Лакавичко

Итна евакуација е побарана од жителите на лакавичкиот регион. Прели акумалацијата Мантово, поради што Кризниот штаб апелира до жителите да ги напуштат домовите и со себе да ја земат стоката и да се упатат на повисоките места.

Итниот апел се однесува особено за жителите на селото Лакавица да се повлекуваат во градот, а стоката и добитокот да се однесе што е можно повисоко во планинските предели, соопштија од Општина Штип.

Киро Маџунаров, задолжен за следење на хидролошката сосотјба на Брегалница, соопшти дека во Штип денеска до 12 часот, наврнаа 35 литри на еден квадратен метар.

Во центарот на Штип прели реката Отиња, која инаку е сува река. Поплавени се двете централни улици, уреденото корито и пешачките мостови. Во Ново Село попушти насипот на река Брегалница. Засега нема штети по домовите на граѓаните, но се очекува попладне да надојдат водите на Брегалница, чие корито полека се полни.