Свет Европа Италијанските музеи ќе ги насочат приходите за обнова на разурнатите градови

Италијанските музеи ќе ги насочат приходите за обнова на разурнатите градови

Италијанските државни музеи апелираа на зголемена посетеност по нивната одлука целиот приход да биде пренасочен за обнова на средновековните градови разурнати од катастрофалниот земјотрес.

Земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала во средата урна домови, цркви и културни ризници стари повеќе векови.

Идејата е историските и уметничките дела да се санираат со приходите добиени од културното наследство од другите краеви на Италија.

Италијанскиот министер за култура, Дарио Франческини, апелира Италијанците да ги посетуваат музите во знак на солидарност со жителите од погодените краеви.