Свет Европа Италијанската полиција уапси 69 лица за корупција и за местење тендери

Италијанската полиција уапси 69 лица за корупција и за местење тендери

Италијанската полиција во Неапол уапсила 69 лица, меѓу кои политичари и бизнисмени, за време на акцијата против мафијашката организација Казалези.

Обвинети се повеќемина претприемачи во градежништвото, за местење тендери и за корупција.

Обвинителството и финансиската полиција ги истражуваат договорите склучени помеѓу властите и компаниите што требало да градат музеи и нов крематориум.

Според италијанските медиуми, меѓу уапсените се наоѓа и еден угледен археолог, како и поранешниот градоначалник на Помпеја.