Дописници Италијанец плаќал за порнографски материјал од деца од Македонија

Италијанец плаќал за порнографски материјал од деца од Македонија

Преку „скајп“ и „фејсбук“, 38-годишен италијански државјанин нарачувал и плаќал за видеоснимки и за фотографии на деца од Источна Македонија. Парите во вкупен износ од 4.307 евра им ги испраќал преку банки за брз трансфер. Штипската полиција му поднесе кривична пријава за прикажување порнографски материјал на дете.

„Италијанецот ги контактирал децата преку профил на социјалната мрежа „Фејбук“, по што побарал од нив да му испраќаат видеоматеријали и фотографии, во кои децата се соблекуваат голи и барал да се допираат по телото. На децата им го покажувал своето голо тело преку интернет апликации. За возврат барал исто такви фотографии од децата, при што вршел задоволување на полови страсти“, соопштија од СВР Штип.

Овие случување траеле близу две години. По основани сомневања, со налог на Основниот суд во Штип, полицијата извршила претрес во домовите на децата, при што се запленети компјутери и мобилни телефони, преку кои ја вршеле комуникацијата со Италијанецот.