Свет Европа Италија: Запленети канцорогени бразлетни

Италија: Запленети канцорогени бразлетни

Италијанската полиција на подрачјето на Падова заплени 170 милиони бразлетни увезени од Кина, направени од отровен пластичен материјал, опасни по здравје.

Вкупната вредност на бразлетните е проценета на 10 милиони евра.

– Бразлетните се продавале во пакување од 20 до 24 парчиња, а цена на едно парче би била едно или 1,5 еврo – изјави Џовани Параскандоло, началник на финансиската полицијата во Падова.

Производите имаат етикета „ЦЕ“ која гарантира почитување на нормите на ЕУ, но со анализа е утврдено дека бразлетните имаат 100 пати повеќе фталат од дозволеното. Фталатите се хемиско средство за омекнување кое се користи во индустријата за пластика, а големите концентрации би можеле да предизвикаат заболување на нервниот и на еднокриниот систем, па дури и рак.