Свет Европа Историската средба меѓу папата Франциск и рускиот патријарх Кирил ќе се случи...

Историската средба меѓу папата Франциск и рускиот патријарх Кирил ќе се случи на 12 февруари

Поглаварите на Римокатоличката црква и на Руската православна црква ќе се сретнат следната недела на Куба, што би било прва средба на папата и на рускиот патријарх. Во заедничкото соопштение на Ватикан и на Руската православна црква се соопштува дека средбата ќе биде важна фаза во односите меѓу двете цркви.

Портпаролот на Ватикан, Федерико Лобарди, соопшти дека папата Франциск и рускиот патријарх Кирил ќе се сретнат на 12 февруари во Хавана.

Истовремено, Ватикан и Руската црква ги повикаа сите христијани да се молат на Бога и да ја благословат оваа средба, која би можела да има добри резултати.

Папата и патријархот ќе разговараат за потребите од заеднички одговор на прогонот на христијаните на Блискиот Исток. Се предвидува и двајцата поглавари да потпишат заедничка декларација.