Свет Балкан Истанбул: Можен бомбашки напад на конзулатот на САД

Истанбул: Можен бомбашки напад на конзулатот на САД

Турската полиција е ставена на висок степен на готовност поради дојавите дека осомничен бомбаш-самоубиец би можел да се разнесе во близина на американскиот генерален конзулат во Истанбул, јавуваат локалните медиуми.

Турската новинска агенција „Доган“ јавува дека во возилото на осомничениот се наоѓаат експлозивни направи.