Свет Исламска држава ќе убива деца со Даунов синдром

Исламска држава ќе убива деца со Даунов синдром

Исламска држава издала фатва со која на своите следбеници им налага да ги убива новороденчињата со Даунов синдром, вродени деформации и со други видови инвалидитет, соопшти ирачката активистичка група „Мосулско око“.

Одлуката за тоа ја донеле шеријатските судии на ИД, се наведува во соопштението што го пренесе британскиот таблоид „Дејли мејл“.

Повеќе од 38 деца родени со деформитети и со Даунов синдром, на возраст од една недела до три месеци, веќе се убиени со смртоносни инјекции и со задушување, наведува „Мосулско око“.

Организацијата наведува дека убивањата се извршени во упориштата на ИД во Сирија и во Мосул, на северот на Ирак.
Групата „Мосулско око“ тврди дека го следи убивањето на децата родени со Даунов синдром и оти утврдила дека повеќето се деца на странски борци кои се ожениле со Ирачанки, Сиријки и со Азијки.