Свет Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Басра

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Басра

Џихадистичката милитантна организација Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за вчерашниот напад со автомобил-бомба во шиитскиот ирачки град Басра, во кој загинаа најмалку 10 лица.

ИД преку твитер-профил кој е поврзан со групата соопшти дека го извршила вчерашниот напад, кој беше дел од низата бомбашки акции ширум Ирак, во кои загинаа најмалку 56 лица.

Засега не е проверена автентичноста на соопштението, но е формулирано на начин кој личи на Исламска држава.
Екстремистичката организација контролира голем дел од северот и од западот на Ирак, вклучувајќи го и вториот по големина град Мосул и најголем дел од провинцијата Анбар.