Галерија Исчкртана и откорната таблата пред споменикот на Александар Велики во Штип

Исчкртана и откорната таблата пред споменикот на Александар Велики во Штип

Само што беше поставена, непознат сторител во текот на изминатата ноќ ја исчкратал со црна боја и ја откорнал таблата со која се објаснува потеклото на Александар Велики пред споменикот во центарот на Штип. Претходно, во текот на денот на социјалните медиуми беа споделени фотографии со споменикот и таблата пред него, како дел од обврските преземени од Преспанскиот договор.

Споменикот на Александар Велики е поставен пред четиринаесет години на плоштадот во Штип, како донација од штипскиот бизнисмен Славе Иванов. Скулптурата е дело на универзитетскиот професот и академски вајар, Никола Смилков. Овој споменик е единствениот на Александар Велики во Штип.