Свет Интерпол ја суспендира соработката со ФИФА

Интерпол ја суспендира соработката со ФИФА

Интерпол го суспендира своето десетгодишно партнерство со Светската фудбалска федерација ФИФА во вредност од 20 милиони евра.

Од Интерпол е соопштено дека оваа група „ќе го замрзне користењето на финансискиот придонес на ФИФА“.
Генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток, рече дека одлуката е донесена „во светло на актуелните настани поврзани со ФИФА“.

Спогодбата вклучува клаузула во согласност со која ФИФА мора да биде компатибилна со принципите, целите и со активностите на Интерпол.

Минатата недеа, Интерпол издаде глобална потерница за двајца претставници на Светската фудбалска организација и за четири директори на маркетинг поради обвиненијата за рекетирање и за корупција.

Во мај 2011 година, договорено е ФИФА да ја финансира десетгодишната програма за борба против местењето натпревари.