Свет Интензивни подготовки во САД поради вирусот зика

Интензивни подготовки во САД поради вирусот зика

Процесот за итни операции како подготовка против ширењето на вирусот зика за време на летната сезона, американскиот центар за контрола на заразни заболувања го активира на највисоко ниво.

Претходно Белата куќа соопшти дека ќе побара од Конгресот една милијарда и 800 милиони долари за борба против овој вирус. Парите, главно, ќе бидат искористени за контрола на подрачјата каде што се размножуваат комарци, како и за вакцина против инфекцијата.

– Добра вест е што таа не е како еболата. Луѓето не умираат од зика. Повеќето не ни знаат дека се заболени – изјави претседателот на САД, Барак Обама. Тој додаде дека сè уште не било со сигурност докажано дека ова заболување било поврзано и со раѓањето деца со ненормално мали глави.