Македонија Институциите се алармирани неколку пати, но депонијата во Шутка сѐ уште труе

Институциите се алармирани неколку пати, но депонијата во Шутка сѐ уште труе

Архивска фотографија од дивата депонија близу Шуто Оризари и Визбегово | Автор: Арбнора Мемети

Иако одговорните институции биле алармирани неколку пати, депонијата во Шутка за која „Порталб.мк“ известува редовно, повторно е запалена. Имајќи предвид дека депонијата се наоѓа помеѓу територијата на Визбегово и Шутка, како резултат на високата местоположба, реата која се ширеше од палењето, била почувствувана не само во Шутка и Визбегово, туку и во Бутел и Чаир.

Преку видео-запис испратен до редакцијата, но и од реакцијата на „Иницијатива О2“ се гледа како исклучително црн чад се шири од палењето на депонијата.

Проблемот со депонијата во Шутка започна да се решава, откако 70 проценти од истата се исчисти. Сепак, паралелно со чистењето повторно се врши нелегално полнење. За решавање на проблемот била формирана и координативна група, предводена од Државниот инспекторат за животна средина, со цел да се координираат активностите помеѓу Инспекторатот на Град Скопје и Шуто Оризари за чистење на депонијата.

Инспекторатите, претходно известиле дека ги завршиле нивните обврски, сепак, бидејќи не се обезбеди документ од Координативната група, тоа не може да се потврди.

„Порталб.мк“, неколку пати има известувано дека со чистењето паралелно се врши и полнење, што се потврди и во текот на посетата остварена во јули, кое може да се види и во видеото подолу.