Хроника Инспектор од СВР Скопје доби кривична пријава за кражба на златен накит

Инспектор од СВР Скопје доби кривична пријава за кражба на златен накит

Ж.И. кој бил главен инспектор во Сектор за внатрешни работи – Скопје, е суспендиран и доби кривична пријава од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.

Полицијата го обвинува дека сторил злоупотреба на службената положба и овластувања, односно при увид за тешка кражба во куќа, украл златен накит.

Како што извести МВР, инспекторот бил уапсен и предаден на јавен обвинител. Исто така, внатрешната контрола води дисциплинска постапка против него и го суспендирала од работното место.