Македонија Иницијатива на „Една може“ за поддршка на еднородителските семејства во ризик поради...

Иницијатива на „Една може“ за поддршка на еднородителските семејства во ризик поради корона кризата

Поттикнати од вонредната состојба, организацијата „Една може!“ започнува ад хок активности за поддршка на еднородителски семејства во ризик. Преку иницијативата „Заедно во се! – Емпатија, солидарност, споделување“, организацијата ги повикува сите компании да донираат прехранбени, хигиенски, дезифициенски и разновидни добра.

„Овие активности се иницирани низ согледување на мноштвото дојави и барања за поддршка од целната група – самохрани мајки, повеќекратно дискриминирани жени и девојки и жртви на насилство. Помеѓу барањата за поддршка, најбројни беа оние на мајки со деца кои само од нив зависат, а биле дел од неформалниот пазар на труд и/или останале без вработување или извори на финансирање поради новонастанатата пандемична состојба предизвикана од Ковид-19“, соопштуваат од работниот тим на „Една може!“.

Донациите може да се достават на пунктовите во Карпош 1 и Аеродром или преку воспоставување контакт со претставниците на организацијата во секое време на телефонскиот бреој 071 936 497 и електронската адреса: onecan2015@yahoo.com
Потоа од огранизацијата, ќе ги доставуваат донаторските пакети до домовите на оние на кои им е најмногу потребна оваа помош.