Дописници Инфективното одделение од Штип предложено за општинското признание „8 Ноември“

Инфективното одделение од Штип предложено за општинското признание „8 Ноември“

На седницата на Советот на општина Штип, во петок (06 ноември) ќе се најдат предлозите за највисокото општинско признание, по повод 8-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Штип.

Интензивната работа во изминатите осум месеци од појавата на епидемијата на ковид–19 како единствен голем ковид центар во Источниот регион, Инфективното одделение на Клиничката болница во Штип го истакна како една од двете институции за потенцијален носител на признанието „8 Ноември“. И во моментов, Инфективното одделение останува единствен поголем центар, каде се лекуваат болни од ковид-19 од целиот источен дел на Македонија, односно регион со над 220.000 пациенти.

Покрај Инфективното одделение, на листата предложени за општинското признание се и Професионалната територијална противпожарна единица (ПТППЕ) од Штип и двајца поединци. Предложени се оперската пејачка Елена Голомеова, која се школуваше и долги години работи во Ница и Париз во Франција, како и универзитетскиот професор Трајче Стојанов од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кој од оваа есен е избран за почесен професор на Социјално – педагошкиот институт од Москва, Русија, со над 1.500 студенти на пет оддели.