Економија Индустриското производство зголемено за 5,4 проценти во однос на лани

Индустриското производство зголемено за 5,4 проценти во однос на лани

Индустриското производство во првите девет месеци е зголемено за 5,4 проценти во однос на истиот период лани, објави Државен завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во септември годинава во однос на истиот месец лани, е зголемено за 0,3 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи зголемување од 4,7 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – пораст од 21,5 проценти.

Зголемувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сè, на зголеменото производство на тутунски производи, на текстил, на основни фармацевтски производи и на фармацевтски препарати, гума и производи од пластични маси и др.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2016 година, во однос на истиот месец лани, забележи зголемување кај енергија за 6,2 проценти, капитални производи за 26,7 проценти и трајни производи за широка потрошувачка за 72,4 проценти, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 1 процент и нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,3 проценти.