Свет Свет Индискиот Чандрајан 3 успешно слета на јужниот пол на Месечината

Индискиот Чандрајан 3 успешно слета на јужниот пол на Месечината

Индија влезе во историјата бидејќи нејзината мисија стана првата што слета во регионот на јужниот пол на Месечината

Photo by Mike Petrucci on Unsplash

Индија успешно го слета вселенското летало Чандрајан 3 во близина на јужниот пол на Месечината. Индискиот премиер Моди рече дека успехот на мисијата „му припаѓа на целото човештво“.

Индија влезе во историјата бидејќи нејзината мисија стана првата што слета во регионот на јужниот пол на Месечината. Со ова, Индија се приклучува во друштвото на САД, поранешниот Советски Сојуз и Кина.

Чандрајан 3 полета од лансирната рампа во Шрихарикота во јужна Индија на 14 јули, а научниците веруваат дека непознатата територија на јужниот пол на месечината може да содржи важни резерви на замрзната вода и скапоцени елементи.

За неколку часа научниците најавуваат дека роверот со шест тркала ќе излези од лендерот и ќе шета околу карпите и кратерите на површината на Месечината, собирајќи клучни податоци и слики кои ќе бидат испратени на Земјата.