Видео Индија: 43 лица загинаа во напад на сепаратистите

Индија: 43 лица загинаа во напад на сепаратистите

Најмалку 43 лица, меѓу кои четири жени, денеска се убиени во повеќе напади на племенските сепаратисти во индиската држава Асам, на североистокот на земјата, соопшти полицијата.

Нападите беа извршени во две области, Кокраџар и Сонитпур, а полицијата верува дека зад нив стојат припадниците на Националниот демократски фронт Бодоленд, кој со децении бара независност во дел од државата Асам.

Претставникот на полицијата соопшти дека во четирите напади на сепаратистите се убиени 26 лица, од кои повеќето се припадници на племенската заедница Адиваси.

Како што јавуваат локалните медиуми, властите на Асам воведоа полициски час, кој ќе остане на сила во текот на ноќта, а прогласија и зголемен степен на тревога.