Свет Балкан Илјадници граѓани протестираат во Бања Лука

Илјадници граѓани протестираат во Бања Лука

Неколку илјади луѓе со собраа денеска на протестите во Бања Лука. Протестот „Да ја ослободиме Српска“ во организација на опозициските партии, се одржува во паркот Младен Стојановиќ.

На нешто повеќе од еден километар, во центарот на градот, на Плоштадот Краина во исто време се одржува митинг „Со срце за Српска – Стоп за предавството“, како одговор од владејачката коалиција.

На протестите на опозицијата има поголемо присуство на полицијата, а поставени се и барикади.

Истакнати се транспаренти на кои пишува „Долу предавници“ и „Ние сме гладни“.

Во обезбедување на протестите и на митингот вклучени се околу 2.000 припадници на полицијата.

Се поставува и тампон-зона меѓу демонстрантите од опозицијата и од власта.