Свет Илјада загинати во топлотниот бран во Индија

Илјада загинати во топлотниот бран во Индија

Бројот на починатите во топлотниот бран, чија температура во некои делови на Индија достигна и до 50 Целзиусови степени, е илјада.

Повеќето смртни случаи се забележани во јужните држави, каде починаа повеќе од 750 лица.

Болниците се во состојба на зголемена готовност поради големиот број пациенти, а властите ги советуваат жителите да не излегуваат од дома.