Подглавна секција Илиноис му забрани на Трамп да се кандидира за републикански кандидат за...

Илиноис му забрани на Трамп да се кандидира за републикански кандидат за претседател

Според судијата, оваа одлука е последица на инволвираноста на Трамп во упадот во Капитол Хил во 2021 година, пренесува Би-би-си

Фото: Гејџ Скидмор (Gage Skidmore from Surprise, AZ, United States of America), CC BY-SA 2.0 , Викимедија комонс

Американската држава Илиноис му забрани на Доналд Трамп да се кандидира на изборите на републиканската партија за кандидат за претседател. Според судијата, оваа одлука е последица на инволвираноста на Трамп во упадот во Капитол Хил во 2021 година, пренесува Би-би-си.

Сепак, одлуката е ставена во мирување, додека се чека да се процесира жалба. Во Илиноис е веќе започнато предвремено гласање, а Трамп ќе остане на гласачките ливчиња до петок, додека не се донесе конечна одлука.

Илиноис е третата американска држава која донесе ваква пресуда – останатите се Колорадо и Мејн. Сите три држави се повикуваат на 14-от амандман на американскиот устав, кој им забранува на лица кои биле инволвирани во некаков државен удар или пуч да бидат јавни функционери.

Сепак, конечниот збор за одлуката останува на Уставниот суд на САД, на кој моментално се чека да донесе одлука за дали Колорадо ќе стави забрани Трамп да биде на гласачкото ливче. Се очекува Уставниот суд, од чии девет члена Трамп назначи три, да донесе одлука во негова полза.

Портпаролот на Трамп рече дека одлуката на судот била неуставна.

„Демократските групи финансирани од Сорос продолжуваат да се обидуваат да се мешаат во изборите и да му го ускратат на претседателот Трамп неговото вистинско место на гласачкото ливче“, рече портпаролот.