Македонија Давутоглу на средбата со Заев: Иднината на Македонија е во НАТО

Давутоглу на средбата со Заев: Иднината на Македонија е во НАТО

Македонија веќе е успешна приказна и иднината на земјата е во НАТО, порачал поранешниот премиер на Турција и актуелен пратеник во турскиот парламент, Ахмет Давутоглу, на средбата со премиерот Зоран Заев.

– Република Македонија веќе е успешна приказна, бидејки прогресот е видлив, државата е клучен фактор за стабилноста на Балканот и продолжете да работите со енергичната посветеност на реформите, вашата иднина е во НАТО – рекол Давутоглу, кој е во посета на земјава.

Премиерот Заев на средбата истакнал дека Владата е определена кон реформскиот процес, „значаен за квалитетен живот на граѓаните, како и за интеграцијата на Македонија во Европската Унија и во НАТО“.

На средбата заеднички било констатирано дека членството во НАТО ќе значи дополнителна стабилност на државата и отворање можности за инвеститорите, што ќе придонесе за зголемување на стандардот на граѓаните и за пораст на економијата во Македонија.

Заев и Давутоглу, како што стои во соопштението на владината прес-служба, разговарале и за интересот на турски бизнисмени за инвестирање во Македонија.