Свет Идентификуван напаѓачот кој усмрти седум лица во Мичиген

Идентификуван напаѓачот кој усмрти седум лица во Мичиген

Полицијата во сојузната американска држава Мичиген го идентификувала напаѓачот што синоќа застрела и уби седум лица во градот Каламазу, јавуваат светските агенции.

Осомничениот, кој бил уапсен кратко по вооружениот напад, е идентификуван како Џејсон Далтон, на 45-годишна возраст, кој бил жител на Каламазу, соопштил претставникот на локалната полиција, Џеф Хедли.

Тој додал дека Далтон немал криминално досие.

Напаѓачот, како што претходно пренесоа медиумите, пукал во луѓето на три различни локации во градот. Тој не пружал отпор при апсењето, а при претресот на неговиот автомобил полицијата пронашла оружје.

Засега нема информации за мотивите за нападот.