Свет ИД зазеде град во Сирија

ИД зазеде град во Сирија

Екстремистите на Исламска држава денеска го презеле градот Ел Раи на северот од Сирија, во близина на границата со Турција, соопштија сириските активисти. ИД пред неколку дена го загуби градот при нападот на бунтовниците и на сојузничките борци.

Сириската Опсерваторија за човекови права и телевизиската станица „Алепо тудеј“ пренесуваат дека припадници на терористичката организација Исламска држава утринава ја презеле контролата врз градот по интензивни борби за тој пограничен град.

Ел Раи е стратешки важен град кој се наоѓа на границата на Сирија со Турција, што за ИД претставува точка за линијата на снабдување. Градот кој се наоѓа на патот кон провинцијата Алепо е упориште на терористичките групи.