Свет Свет ИД уби десетици лица во Деир ел Зор

ИД уби десетици лица во Деир ел Зор

Десетици лица беа убиени во напад на Исламска држава во градот Деир ел Зор, во делот кој е под контрола на сириската влада. Ова е најголем напад на ИД во последните неколку месеци.

Ова го соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Опсерваторијата наведе дека при нападот имало најмалку шест експлозии, а дека сириската влада возвратила преку напади со воени авиони.

Исламска држава го контролира поголемиот дел од градот Деир ел Зор, кој се наоѓа на границата со Ирак.