Свет Европа ИД презема одговорност за нападот на „Шарли ебдо“

ИД презема одговорност за нападот на „Шарли ебдо“

Абу Сад ал-Ансари, еден од лидерите на Исламска држава (ИД), рекол дека оваа исламска организација стои зад нападот на весникот „Шарли ебдо“ во кој беа убиени 12 лица, пренесува „Дојче пресе агентур“ (ДПА).

– Почнавме операција во Франција за која преземаме одговорност. Утре тоа ќе биде Британија, Америка и други земји – рекол Абу Сад ал-Ансари за време на молитвата во ирачкиот град Мосул, кој е под контрола на ИД.

Тој додал дека ова е порака до сите земји што учествуваат во коалицијата која убива припадници на Исламска држава.