Свет ИД презеде одговорност за нападот во Кабул

ИД презеде одговорност за нападот во Кабул

Исламска држава ја презеде одговорноста за денешниот самоубиствен бомбашки напад на шиитска џамија во Кабул, во кој загинаа 32 лица, а десетици се повредени.

Новинската агенција „Амак“, која важи за блиска до ИД, го пренесе соопштението на милитантите во кое се наведува дека е изведен „маченички напад на борците на Исламска држава“ на шиитско светилиште во Кабул.

Шиитските светилишта се честа мета на самоубиствени напади во Авганистан и во околните земји.