Свет ИД ја презеде одговорноста за нападот во Кабул

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Кабул

Екстремистичката милитантна група Исламска држава ја презеде одговорноста за експлозијата во авганистанскиот главен град Кабул, во која загинаа повеќе лица, соопшти исламистичката новинска агенција „Амак“.

Во нападот загинаа најмалку осум лица, а 15 се повредени.

Агенцијата наведува дека станува збор за самоубиствена мисија, при која напаѓачот користел појас со експлозив. Тој се разнел во дипломатската населба Вазир Акбар Кан.